21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкција за чистење на одводните канали во Кисела Вода

Акција за чистење на одводните канали во Кисела Вода

Општина Кисела Вода започна со акција за чистење на одводните канали на своја територија.

„Работниците ангажирани од Општината од утринава работат на расчистување на Мала Рада. Од наталожената тиња и од отпадот фрлен од несовесните граѓани ќе се чисти од мостот на Партизански Пат, па сè до пречистителната станица во Студеничани. Во текот на акцијата ќе биде опфатено и чистење на Црниот Канал од улицата Малешевска до спојот со каналот на Мала Рада во потстаницата“, информира Општината.

Оттаму велат дека акциите за чистење на одводните канали се дел од редовните активности на Општината и се одвиваат во летниот и почетокот на есенскиот период, а по потреба и почесто. Кисела Вода апелира до граѓаните за совесно однесување и почитување на Законот за јавната чистота. Фрлањето отпад во одводните канали им прави штета, пред сè, на жителите на општината и на нивното секојдневно живеење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП