3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеколку скопски општини утре ќе останат без струја

Неколку скопски општини утре ќе останат без струја

„ЕВН Македонија“ соопшти дека за утре се планирани неколку исклучувања во електро-системот и без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од село Бродец во Чучер Сандево, како и корисниците на дел од улицата Ѓурчин Кокале, улицата Македонска преродба, како и дел од ул. Борис Сарафов, во Општината Ѓорче Петров.

Исклучувања во електро-системот ќе има и во Општина Центар, во период од 08:30 до 11:00 часот кај корисниците на дел од улицата Партизански одреди зграда бр. 39.

Корисниците од улицата Лазар Димитров како и куќите на потегот помеѓу улицата и пругата, во Општина Кисела Вода, во периодот од 09:00 до 13:00 часот ќе останат без електрична енергија, а во истиот период струја ќе немаат и корисниците од селата Јаболци, Нова Брезница, Патешка Река, Држилово, Црн Врв, Малчиште, Елово, Осинчани со сите стопански и нестопански објекти во тој потег, Каменоломите на Рудопроект, Беровиќ, Цементара Титан, Хидроцентралата Патешка Река, селата Долно Соње, Горно Соње, Говрлево, Ракотинци, Маркова Сушица, Чифлик како и Света Петка со сите стопански и нестопански објекти во тој потег, во Општина Сопиште и Студеничани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП