26 април, 2024
ПочетнаДИЕТИБританската пејачка Адел со помош на оваа диета ослабe 30 килограми

Британската пејачка Адел со помош на оваа диета ослабe 30 килограми

А, сето тоа благодарение на книгата „The Sirtfood Diet“, која излезе во 2016-та година во Велика Британија.

Автори на оваа диета се нутриционистот Глен Матен и фармацевтот Ејдан Гогинс, а таа се состои од намирници богати со сиртуин тоа се: кељ, јаболко, јагода, маслиново масло, темно чоколадо, зелен чај, црвено вино, магдонос, кромид, куркума, боровинка. Месото не спаѓа во оваа група но, може слободно да се конзумира.

Првите 3 денови исхраната е ограничена на 1.000 калории, следните 4 денови со два оброка и две чаши природно цеден сок потребно е да се внесат 1.500 калории.

Првата недела се јаде исклучиво храна богата со сиртуин и тоа во неограничена количина.

Оваа диета е тестирана на луѓе кои секојдневно вежбале, а сите испитаници изгубиле во просек по 3 килограми за 7 дена.

Главна цел е зајакнување на метаболизмот и имунолошкиот систем, како и, подобрување на целокупното здравје.

Минатата година оваа диета успеа да ја трансформира Адел. Подготвени сте и вие за драстична промена?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП