18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија испораката на нафта ја насочи во друг правец

Русија испораката на нафта ја насочи во друг правец

Нафтените рафинерии во Европа имаат недостаток на руска нафта, бидејќи Русија, која имено е еден од најголемите производител, се повеќе се ориентира кон пазарот во Кина.

Во првите 5 месеци од оваа година, Русија има испорачано во просек 19% помалку нафта преку нејзините главни пристаништа во Балтичкото и Црното море, во однос на истиот период од минатата година, информира агенцијата „Блумберг“.

Во меѓувреме, испораката на нафта во Кина порасна за 43% во првите три месеци од оваа година, тоа го покажуваат неодамна објавените податоци на рускиот државен оператор „Транснефть“.

„Поради оваа промена, европските рафинерии се принудени да побараат замена за рускиот гас, поради што најверојатно ќе дојде до промени кога станува збор за испораката од Блискиот Исток и САД“, заклучува Алан Гелдер од консултантската компнанија „Вуд Мекензи“ во Лондон.

Тој потсетува дека, европскиот континет најголема количина на нафта увезува само од Русија.

Се претпоставува дека испораките на нафта од Блискиот Исток во Азија ќе се намалат како резултат на зголеменото учество на руската нафта на азискиот пазар. „Во тој случај Блискиот Исток ќе се насочи кон Европа“, истакна Гелдер.

Вкупните испораки на нафта во Кина пораснаа на околу 750.000 барели дневно во првиот квартал, соопшти „Транснефть“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП