19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот го забележа својот најдобар месец за оваа година

Биткоинот го забележа својот најдобар месец за оваа година

Цената на биткоинот се зголеми за 33 отсто во април оваа година.

Така април станува најдобриот месец во 2018-та година за најскапата виртуелна валута во светот.

Биткоинот го започнува мај по цена од 9.244,32 долари, што е за 335 повеќе од цената од 6.926,02 американски долари на 1-ви април, според „CoinDesk“.

Април е првиот месец на раст на криптовалутата од вкупно четирите од почетокот на оваа година.

Биткоинот ја започна 2018-та година по цена од 13.860 долари, а на 1-ви февруари веќе падна на 10.166 долари, а на почетокот на март беше нешто под 7.000 долари.

Доброто претставување на биткоинот во овој месец ја зголеми пазарната капитализација на криптовалутата до 156.4 милијарди долари, според податоците на „CoinMarketCap“.

Месец април во целина беше добар за повеќето виртуелни валути, што се одрази и на вкупната пазарна капитализација на криптопазарот која достигна сума од 430.7 милијарди долари.

Оживувањето на пазарот е видливо и од истргуваниот обем кај алтернативните криптовалути.

Уделот на биткоинот во истргуваниот обем падна до 36.3%, а како за споредба, во почетокот на минатиот месец процентот достигнува до околу 45% од сите купо-продажби на виртуелни валути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП