24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови трендови за брзина и сигурност на поштенските услуги

Нови трендови за брзина и сигурност на поштенските услуги

Имплементација на светските трендови во поштенските услуги, дигитализација, развој на нови производи и услуги како и навремена и сигурна достава на пратките се само дел од алатките за зголемување на конкурентноста на комапниите кои работат во секторот поштенски услуги, велат од Сојузот на стопански комори.

Според последните статистичките податоци што ги објави Агенцијата за пошти за поштенските активности во земјава за 2016 година, најмногу поплаки од граѓаните добила токму за ненавремената достава на пратки. Од сите поднесени рекламации, повеќе од половината или 52,6 отсто се пожалиле на пречекорување на рокот за достава. Притоа, најмногу поплаки во 2016 година имало за времето на достава од страна на „Македонска пошта“.

Најголем проблем граѓаните имале со доставата на препорачани писма, услуга која е значително поскапа од испраќање обично писмо. Според извештајот на Агенцијата за пошти, од вкупниот број рекламации, дури 90 отсто се однесувале на препорачани писма. 4.475 рекламации биле за доставата преку „Македонска пошта“, додека 322 за другите даватели на поштенски услуги во земјава. Еден од причинителите за опаѓање на овие услуги е и недоволниот квалитет на обезбедување на поштенските пратки.

„За да се намалат овие бројки и поплаки од страна на крајните корисници, потребна е имплементација на нови трендови за брзина и сигурност на поштенските текови како прв чекор за навремена достава на пратките. Примената на иновации и нови практики во секторот поштенски услуги е од големо значење за развој на компаниите од оваа област. Во Република Македонија може да кажеме дека ретки се компаниите во секторот поштенски услуги кои за да бидат во чекор со светските трендови имплементирале андроид со цел следење во живо на статусите за доставување на пратки, како и имплементација на автоматско поврзување на Веб шоп софтвер со софтвер на пошта. За клиентите најбитна е навремена и сигурна достава на пратки и токму кон тоа треба да се стремат операторите “, изјави Александар Милошевски и додаде дека иновативноста, организираниот пристап и прецизноста како и примена на премиум и еко поштенски услуги се само дел од новитети за квалитетна достава на пратките.

Тој појасни дека за да се одвоите од конкуренцијата значајна е понуда на услуги кои ќе бидат посебно прилагодени кон клиентите – од флексибилните можности за испорака на документи и пратки, до опцијата за маркетинг на производи како што се автомобили или електроника до одбрани потрошувачи какои новините кои се имплементираат во светот.

„Поштата има свој удел во десетина клучни индустриски гранки, во малопродажбата, банкарството, логистиката, маркетингот. Тренд во европските земји е на поштенските услуги да се гледа како на алатка која ќе им овозможи на компаниите, пред се малите и средните кои нудат квалитетни производи, а не се доволно познати да допрат до крајните потрошувачи во разните делови на земјата преку директно рекламирање или преку испорака на производите. Таквиот начин на стимулирање на МСП преку дирекна соработка со поштенските услуги значи подршка за нивен развој како важна алка во развојот на севкупната економија“, изјави Милошевски.

Во Република Македонија, според податоците на Агенцијата за пошти регистирани се вкупно 33 даватели на услуги. За ненавремена достава на пратки, законските прописи предвидуваат глоба од 3.500 до 5.000 евра за поштенскиот оператор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП