13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШкотска нема да има милост, се воведува минимална цена на алкохолот

Шкотска нема да има милост, се воведува минимална цена на алкохолот


Шкотска- првата држава која направи храбар чекор и воведе минимална цена на алкохолот, со цел да се намали неговата употреба кај граѓаните.

Со oвие измени, шише виски од 700 ml не ќе може да се купи за помалку од 14 фунти (15,60 евра), а шише вино од 750 ml ќе чини најмалку 4,69 фунти (5,2 евра).

„Шкотска е прва држава во светот која има доволно храброст да воведе минимална и единствена цена“, изјави шкотската премиерка Никола Стерџон, додавајќи дека овој пример ќе го следат и другите европски држави.

Шкотската држава ги предупреди трговците на мало, дека нема да им се даде рок, како и тоа дека ќе немаат милост за оние кои ќе ги прекршат правилата, во тој случај постојат големи шанси за укинување на лиценците.

Како што е наведено, Шкотска е држава во која секоја недела просечно умираат по 22 лица поради алкохол, а тоа е проблем поради кој оваа држава троши повеќе од 3 милијарди фунти годишно од здравствениот систем.

„Од овој закон се очекува да спаси многу човечки животи“, рече премиерката Стерџон.

„Во текот на првите 5 години од оваа политичка структура проценката е дека ќе се намали бројката на смртни случаи“, заклучи таа.

Имено, според последните истражувања во оваа држава има најголем број на смртни случаи предизвикани од алкохол, во однос на Обединетот Кралство. Додека во САД се регистрирани 7.327 смртни случаи во 2016-та година.

Експертите тврдат дека цената на алкохолот, како и неговата пристапност и активност се главни фактори кои влијаат на намаленоста на наталитетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП