10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадот Скопје воведува два приемни дена за даночни прашања

Градот Скопје воведува два приемни дена за даночни прашања

Градот Скопје информира дека во бараката број 15 (даночни одделенија) почнувајќи од 7 мај се воведуваат два приемни дена, вторник и петок, во текот на работната недела за прием на граѓани и дежурни правници ќе им бидат на располагање на граѓаните во периодот од 9 до 16 часот.

Од Градот велат дека овој новитет се воведува со цел побрзо и поефикасно работење на даночната администрација, особено во делот на решавањето на пријавите и барањата по предмети по основ на данок на имот.

„Во насока на подобрување на даночните услуги за граѓаните, Градот Скопје од 1 јануари воведе двосменско работење во барака број 16 со работно време од 07:30 до 19:30 часот за прием и издавање документи поврзани со даноците на имот. Исто така, со цел поедноставување на процедурите во врска со даноците на имот, во Град Скопје веќе подолг временски период дежурен правник и проценител во барака број 16, соба 2 во периодот од 08:30 до 16:30 часот секој работен ден извршуваат проценки на имот и даваат правни совети на граѓаните во врска со нивните поднесоци во даночното одделение“, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП