21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P изненадувачки го намалува рејтингот на Турција

S&P изненадувачки го намалува рејтингот на Турција

Со неочекуван потег меѓународната рејтинг агенција „Standard & Poor’s“ (S & P) утврди уште понизок кредитен рејтинг за Турција, повикувајќи се на зголемената загриженост за перспективите за инфлација во позадина на распродажбата на турската лира. Како што рече агенцијата, долгорочниот рејтинг на земјата сега е „ББ-“ во однос на актуелниот „ББ“.

Сепак, изгледите остануваат стабилни, што значи дека наскоро не се очекува преглед. Од „S&P“ појаснија дека одлуката за рангирање не е дел од редовниот преглед.

Агенцијата се однесува на дефицитот на тековната сметка и буџетскиот дефицит, како и на високата инфлација во земјата. Девалвацијата на валутата и силната нестабилност претставуваат ризик за финансиската стабилност на Турција, соопшти „Ѕ&Р“.

„Намалувањето ја одразува нашата загриженост за влошената инфлациска перспектива и долгорочната нестабилност на девизниот курс на Турција“, се вели во соопштението на „S&P“.

Покрај тоа, постојат и знаци на проблеми во приватниот сектор кои би можеле да се влошат со движење на капиталот и амортизација на локалната валута.

Агенцијата вели дека не верува одлуката на централната банка од минатата недела да ја исполни целта за инфлацијата и таа да падне до 5%, или да ја намали нестабилноста на реалниот ефективен девизен курс на Турција.

Неподготвеноста на банката да премине кон агресивно затегнување на монетарната политика во услови на двоцифрена инфлација ја зголемува загриженоста дека таа е под притисок од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „S&P“ објаснува во својата изјава дека централната банка „се соочува со зголемен политички притисок“.

Слабеењето на лирата во однос на доларот ќе доведе до тешкотии на приватниот сектор да намалат долгот деноминирани во странска валута, појасни уште „S&P“, додавајќи дека тоа ќе се одрази негативно и на државниот долг, 40% од кој е деноминиран во странска валута.

Голем број големи турски компании имаат тешкотии во преструктуирањето на нивниот долг. „Ројтерс“ објави во април дека најголемиот турски концерн во прехранбената индустрија „Yildiz Holding“ ќе реструктуира 6,5 милијарди долари од своите обврски во износ од 8,5 милијарди долари. „Dogus Holding“, чии обврски се за 23,5 милијарди лири (5,73 милијарди долари) кон крајот на 2017-та година, е исто така во преговори со банките за реструктурирање на кредитот.

„Нашето решение за намалување на рејтингот се одразува на нашата визија дека постои ризик од тешко приземјување на прегревањето на погонот со кредити во економијата на Турција“, појаснува уште „S&P“.

Во март и „Moody’s“ го намали рејтингот на Турција поради постојаното ослабување на турските политички и економски институции, како и поради зголемените ризици од големиот дефицит на тековната сметка. Рејтингот беше намален со еден степен од „Ba1“ до „Ba2“ со стабилни изгледи, па Агенцијата ги истакнува главните потреби на Турција од надворешно финансирање и влошената политичка клима.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП