18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Дебарско не се врши хлорирање на селските водоводи

Во Дебарско не се врши хлорирање на селските водоводи

Повеќе години селските водоводи во дебарските села не се хлорираат поради што во летните месеци има и често бактериолошко загадување. Поради оваа состојба, честопати има и појава на заразни болести кај населението во руралните средини.

Оваа информација беше изнесена на денешната седница на Советот на Општина Дебар од страна на претставници на Заводот за јавно здравство – Охрид, единица во Дебар.

Претставникот на оваа институција, епидемиологот Ментор Мела, рече дека ниту еден од селските резервоари не се одржува, а досега не се вршело ниту хлорирање поради што има и многубројни заразни заболувања. Тој додаде дека локалната власт треба да преземе итни мерки за хлорирање на водоводите.

Советниците нагласија дека неоходни се брзи мерки за надминување на проблемот. Советникот од СДСМ, Азем Фејзоски, нагласи дека најтешка е состојбата во неговото село Џепиште, каде што заедно со селото Отишани последните години се пие неисправна вода.

И покрај тоа што има редовни решенија од страна на надлежните институции дека водата е неисправна, сепак досега не се преземени мерки. Советниците беа едногласни за потребата од брзи мерки за да се заштити здравјето на населението.

Исто така, беше побарано заштита и за Дебарското Езеро, кое се користи за ракреација во трекот на летниот период бидејќи во него се влеваат и сите црни води од селските населби. Советот денеска донесе и одлука за донесување на детаљниот урбанистички план за блок 4 во Дебар, како и други одлуки од сферата на урбанизмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП