Активноста во кинескиот индустриски сектор се намали, поради падот на извозните налози предизвикани од кинеско-американскиот трговски спор.
Официјалниот индекс (Purchasing Managers’ Index) на менаџерите од кинескиот сектор задолжени за набавка опадна овој месец на 51,4%, во однос на оние од месец март (51,5% ), но, сепак успеа да се задржи над границата од 50% која го раздвојува растот од падот на индустриските активности, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Според анкетираните аналитичари, британската агенција предвиде можно опаѓање на 51,3%.
„Услужниот сектор, покажа стабилен развој“, се наведува во соопштението на националниот завод за статистика во Кина, и се додава дека индексот на кинеските менаџери порасна на 54,8% во однос на оние 54,6% во март, со што продолжува солидната активност во овој сектор.
Овие најнови податоци се појавија во услови на тешка трговска тензија помеѓу Вашингтон и Пекинг, тензија која ќе биде на прво место во текот на оваа недела, со оглед на тоа што министерот за финансии Стивен Менучин со својата делегација ќе оди во посета во Пекинг, со цел отстранување на заканите по економските односи на двете најголеми светски економии.