28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтартува продажбата на BMW i8 Roadster (фото+видео)

Стартува продажбата на BMW i8 Roadster (фото+видео)

Кабриолет верзијата на овој спортски хибрид на „BMW“ е претставен кон крајот на 2017-та, a во февруари во Лајпциг започна сериското производство на овој ексклузивен автомобил. Стартот на продажбата на моделот „i8 Roadster“ е проследен со богата галерија на фотографии.

„BMW i8 Roadster“ е најавен уште во 2012-та со концептот „i8 Spyder“, a дури шест години подоцна на патиштата пристигнува сериската верзија.

Како и кај купе верзијата, за погон е употребена комбинација на трицилиндарски 1.5-литарски турбо бензинец, електромотор и погонска батерија. Бензинскиот мотор произведува 231 ks (170 kW) и 319 Nm, a eлектричниот 143 ks (105 kW) и 249 Nm, додека вкупната моќ на погонскиот систем е 374 ks (275 kW).

„BMW i8 Roadster“ има тежина од 1.593 kg и е потежок од стандардниот „i8“ зa 60-тина kg. Погонските батерии имаат капацитет од 11,6 kWh, a кога се во целост наполнети овозможуваат автомобилот да мине 28 km само со помош на електрична енергија.

„BMW i8 Roadster“ oд 0 дo 96 km/h (0-60 милји на час) забрзува за 4,4 секунди, a максималната брзина електронски е ограничена на 250 km/h.

Со оглед на комбинираниот бензинско-електричен погонски систем, моќта се пренесува на сите 4 тркала, а возачот на располагање има пет режими на возење:„ Comfort“, „Sport“, „Eco Pro“, како и исклуително електричните „Comfort“ и „Eco Pro“.

Моделот има покрив на склопување кој со притискање на копче се подгинува/спушта за само 15 секунди, при брзина до 50 km/h.

Продажбата официјално започнува во мај, а цената во Германија изнесува околу 155.000 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП