4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмерикански судија привремено го блокираше договорот на Xerox и Fujifilm

Американски судија привремено го блокираше договорот на Xerox и Fujifilm

Планот на „Xerox“ да биде купена од јапонскиот конкурент „Fujifilm“ беше привремено блокиран од судија од Њујорк, кој смета дека главниот извршен директор, кој стои зад зделката, се обидува да ја задржи својата работа, пишува „Bloomberg“.

Инвеститорот Дарвин Диксон посакал да ја блокира зделката, обвинувајќи го главниот извршен директор Џефри Џејкобсон дека дејствувал без дозвола во однос на склучување на договор со „Fujifulm“, па да го задржи работното место за сметка на акционерите.

„Xerox“ коментираше дека изјавата е неточна и побара од судијата да го отфрли барањето на Диксон за судски налог со кој се блокира договорот. Компанијата даде изјава во која коментираше дека ќе поднесе жалба на одлуката.

Судија Бари Острагер наведува во заповедта дека заедничкото вложување на „Xerox“ и „Fujifilm“ ќе се соочи со тешкотии, но не е невозможно да се насочи кон друга трансакција која ќе бара купувачот да обезбеди средства во готово за инвеститорите на „Xerox“.

Фактите очигледно покажуваат дека Џејкобсон, кој на 10-ти ноември беше начул дека Бордот активно му бара заменик, соработувал со „Fujifilm“ така да „биде незаменлив при зделката“, посочува судијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП