17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШилегов ќе го намалува загадувањето на воздухот со обука на оџачари

Шилегов ќе го намалува загадувањето на воздухот со обука на оџачари

Градоначалникот на град Гкопје, Петре Шилегов ќе обучува 25 оџачари, со цел, надвор од грејната сезона да започне со справување со проблемите со загадувањето. Според него, депонијата Дрисла повеќе нема да загадува бидејќи има филтер, а постепено ќе се решаваат сите индикатори кои екстремно високо го загадуваат воздухот.

„Бидејќи нема оџачари, Град Скопје заедно со Министерство за труд и социјална политика, но и Агенцијата за вработување, ќе спроведе обука која ќе трае три месеци. Лицата кои ќе се обучуваат ќе добиваат по 9 000 денари, а по завршување на истата, освен сертификат, ќе добијат и материјали потребни за чистење на оџаци“ рече Шилегов.

Според градоначалникот, тоа нема да го реши проблемот со загадувањето, но ќе помогне во справувањето со тој проблем. Тој вели дека во Скопје има околу 60.000 оџаци кои не се чистат, па затоа се решил за ваков чекор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП