9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоин манијата и егзистенцијалната криза на криптовалутата

Биткоин манијата и егзистенцијалната криза на криптовалутата

По подемот, падот и поставувањето на инвеститорите буквално на работ, биткоинот се чини влегува во период на релативно досадна стабилност според експертите, пишува „Ројтерс“.

Глобалниот бран на прописи доведе до колапс во обемот на трговијата. Рекламите на криптовалутите исчезнаа од добрите веб-страници, и биткоинот повеќе не доминира во пребарувањата на „Google“. Може дури да се каже дека биткоинот поминува низ егзистенцијална криза.

„Имаме потреба од промена, ако се појави институционално учество на пазарот, може и да станеме сведоци на пораст“, смета Николас Колас, основач на инвестиционо-аналитичката компанија „DataTrek“.

Биткоинот ја зголеми вредноста за 25% во април, откако загуби 70% од својата вредност од највисокото ниво од речиси 20.000 долари на крајот од минатата година.

Пејзажот на криптовалутите навистина се промени. Малите инвеститори кои беа моторот на поскапувањето на биткоинот во 2017-та година, беа отстранети од пазарот поради забраните за трговија во различни држави и беа заменети со фондови, богатите индивидуални инвеститори и утврдените финансиски компании.

Освен тоа поголемите играчи не се возбудени толку од моменталните движења на биткоинот, туку од потенцијалот на недокажаната, но ветувачка блокчејн технологија.

Просечните дневни количини на тргувања на берзите за криптовалути се намалија на 9,1 милијарди долари во март и 7,4 милијарди долари во првата половина на април во споредба со близу 17 милијарди долари во декември, покажуваат податоците собрани од сајтот „CryptoCompare“.

Неколку берзи бележат намалување на нивните секојдневни обеми на трговија со над 50% меѓу декември и март, вклучувајќи ги „Bitfinex“, „Poloniex“, „Coinbase“ и „Bitstamp“. Најголемиот обем на трговија со криптовалути објавен на 22-ри декември – 30 милијарди долари. На 8-ми април, најниското ниво изнесуваше 4,6 милијарди долари.

Џо Данкан, основач на компанијата со седиште во Сингапур – „Duncan Capital“, очекува да види враќање на малите инвеститори, откако постои некое смирување во однос на воведувањето на прописите.

Томас Ли, управен партнер и ко-основач на „Fundstrat Global Advisors“ во Њујорк, смета дека во моментов биткоин пазарот се наоѓа некаде помеѓу берзанските расположенија. Според него, овој период може да трае најмалку до септември.

Еден од проблемите е дека иако многу од големите институции се љубопитни за тоа како биткоин технологијата може револуционерно да го промени финансискиот сектор, тогаш самата дигитална валута не е широко прифатена, бидејќи нема друга вредност освен онаа која и ја даваат купувачите.

Интензивната нестабилност на валутата се претвора во предизвик и прогноза за цената на инвеститорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП