13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСугарески: Претстои силна градежна офанзива на патиштата низ државата

Сугарески: Претстои силна градежна офанзива на патиштата низ државата

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, заедно со градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска изврши увид во реконструкција на регионалниот пат Прилеп-Прилепско езеро.

Како што информираат од министерството, патниот правец е во должина од 8 километри, а реконструкцијата ќе чини 20 милиони денари, од кои 10 милиони денари се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта, а останатите средства се обезбедени од општината Прилеп. Сугарески рече дека овој пат бил барање на жителите на Прилеп, бидејќи, како што додаде, станува збор за патна делница која во минатото била целосно уништена и небезбедна за сообраќај.

Министерот исто така нагласи дека преку програмата за инвестиционо одржување на патиштата со Македонија пат, во тек се реконструкции на десетина регионални патишта.

„За оваа година преку истата програма планирана е реконструкција на 29 регионални патишта со вкупна инвестиција од 467 милиони денари, средства што веќе се обезбедени од буџетот на Јаното претпријатие за државни патишта. Ова е дел од инвестицониот циклус што го најавивме со премиерот Заев, така што во следниот период ќе имаме силна градежна офанзива на патиштата низ државата“, изјави министерот за транспорт и врски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП