22 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНа кои начини Ве крадат и како да се заштитите?

На кои начини Ве крадат и како да се заштитите?

kradenje

Сторителите на кривични дела со нивната мечта се во состојба да сторат сешто, но најчест начин за злоупотреба е се уште неовластеното користење на личните податоци. Дознајте на кој начин Ве крадат и како да се заштитите.

Дури две третини од измамите со кредитните картички во Велика Британија се однесуваат на кражбата на податоците, како што се датумот на раѓање, поштенскиот број и лозинката за интернет пријавувањата, а слично е и во останатите земји.

Најчести методи на крадење:

Крадење на идентитетот (phishing).

Станува збор за електронски пораки во кои испраѓачите лажно се претставуваат како претставници на банка, компании за кредитни картичи, дури како и вработени во Министерствата за финансии. Тие од вас ги бараат личните податоци се со цел да ја „подобрат мерката за безбедност“ или дури тврдат дека ќе уплатат пари кои од некоја причина корисникот на картичката или сметката треба да ги добие назад. Вообичаени се и линковите кои водат до интернет страниците кои „глумат“ страници на банки, компании за картички и кои бараат од корисникот да се логира и на измамникот да му ги сервира своите податоци.

„Skimming“.

Во овој случај станува збор за податоците од картичката или сметката која измамниците најчесто ги земаат од банкоматите со посебни читачи во моментот додека корисникот ги врши банкоматските трансакции. Опремата за таквото земање на податоци одлично е вметната во банкоматот и навистина е тешко да се забележи.

„Едноставно“ крадење.

Најчест облик е одземањето на паричникот или торбата, а ако доколку личноста картичката ја чува во паричникот голема е шансата таа да се злоупотреби.

Изгубени картички.

Ставнува збор за картички кои компанијата која ги издава и ги пратила на адреса на корисникот поради замена на стара картичка, но таа никогаш не пристигнала до вистинскиот корисник за кого е наменета. Некој успеал да ја украде попат или да ја земе од поштенското сандаче.

„Нигерски писма“.

Најчесто се појавуваат чудни електронски пораки кои доаѓаат од таа африканска земја, иако не се нивно дело. Тие на примачите на пораките им се претставуваат како поранешни функционери или дури како американски војници и нудат „одлична бизнис можност“, барајќи притоа нивно учество во трансферот на пари кои останале заробени на нивните сметки по паѓањето на власта или нивото заминување од таа земја. Притоа нудат големи провизии кои достигнуваат и до дури 30 проценти, а обично треба да се платат и некои трошоци. Пораките се пишани лично до примателот, а не се општи за сите.

Добивки на лотарија.

И овде станува збор за електронска порака со известување дека вие сте среќен добитник на кој треба да му се уплати парична награда и тоа многу често од Велика Британија или Шпанија. Нормално за уплатата е потребен бројот од сметката, банката, телефонот, копија од пасош и многу други работи.

Како да се заштитите од крадење? Еве 10 корисни совети!

1. Внимателно чувајте ги картичките, тие всушност се пари. Најдобро е да не се чуваат во паричникот заедно со парите, туку одвоено и на некое друго место или во посебен плик.

2. Картичката и податоците за неа не ги давајте на други личности, дури ако во нив имате доверба. За пријателите или членовите од семејството можете да подигнете пари кои сакате да им ги дадете или да направите дополнителна картичка. На никого не го откривајте вашиот ПИН!

3. Не го чувајте Пинот заедно со картичката. Тој најдобро е да биде запишан и да го чувате дома или да го камуфлирате во именикот на телефонот, заедно со други броеви кои нешто ви значат.

4. При плаќање во рестораните, бензински пумпи или било кое друго продажно место, не дозволувајте картичката да ви се тргне од видното поле. Барајте трансакцијата да се направи пред вас.

5. Кога користите банкомат задолжително со рака заштитете  ја тастатурата на која го впишувате Пинот. Тоа може дури да ве заштити и ако е поставена опрема за „skimming“ или камера. Потрудете се лицата кои чекаат зад вас да го почитуваат просторот за дискреција, ако е потребно дури побарајте од нив да го сторат тоа.

6. Не сте должни во хотел да дадете картичка за да рецепционерите на празно да ја поминат картичката, без износ, за да имаат осигурување некое во случај на штета.

7. Никогаш, ама стварно никогаш не праќајте податоци од вашата картичка, банка или идентитет преку електронска пошта, на било кое барање. Картичката подигнете ја лично, а не по пошта. Инсталирајте добар анти-вирус на компјутерот.

8. Не наседнувајте на приказните за одличните бизнис можности, добивките на лотарија или слични небулози. Тие неможат да бидат веродостојни, Никогаш!

9. Ако се уште имате магнетска или генеричка картичка со понизок степен на заштита од издавачот побарајте таква со подобра заштита. Опремите за измама се скапи, па поради тоа секогаш се оди на полесните мети, оние со помала заштита.

10. Во случај на губење или крадење на кредитната картичка веднаш побарајте го издавачот и блокирајте ја. Бројот внесете го во мобилниот телефон за да неморате да барате други решенија за интервенција. Со ова ќе го скратите времето во кое криминалецот може да ви направи штета.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП