19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple разочаран од продажбата на iPhone X

Apple разочаран од продажбата на iPhone X

Во минатото, кога ќе се појавеше нов „iPhone“, обично беа потребни неколку недели или месеци пред да се нормализира испорката. Меѓутоа, кога станува збор за „iPhone X“, времето на испорака стана се подолго, што многумина ги наведе да се запрашаат дали „Apple“ може да ја контролира испораката или продажбата едноставно не е на високо ниво.

Според многу извештаи, станува збор за втората причина, а најновото истражување сугерира дека (според информација на неименуван извор) самиот „Apple“ интерно има изразено незадоволство од продажбата на „iPhone X“.

Состојбата толку ескалирала што од „Apple“ се очекува намалување на нарачките на „iPhone X“ моделот од добавувачите, а компанијата за вториот квартал ќе нарача само осум милиони телефони. Се сугерираше дека „Apple“ во текот на првиот квартал ќе продаде 14 милиони примероци од „iPhone X“, но бидејќи ова не се случи резервите во магацините се зголемија и компанијата одлучила да ги намали нарачките од добавувачите.

Оваа година се очекува појавувањето на три нови „iPhone“ модели, од кои еден од нив ќе биде поголема верзија на „iPhone X“. Иако би можело поголемиот екран да заинтересира многу корисници, гласините за цена преку 1.000 долари би можела да донесе нови проблеми за компанијата, која ќе има тешка задача да привлече нови купувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП