3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција е притисната да ги продава хидроцентралите

Грција е притисната да ги продава хидроцентралите

Грчката влада и кредиторите на земјата дискутираат за идејата да бидат продавани хидроцентралите во сопственост на државната енергетска компанија „PPC“, соопштува грчкиот весник „Катимерини“.

Изданието коментира дека деинвестирањето на енергетскиот сектор е во основата на барањата на кредитните институции на Грција, а во разговорите досега Атина се обидуваше да ја избегне токму продажбата на хидроцентралите.

Во обид да ги исполни како барањата, така и своите планови, министерот за енергетика, Јоргос Статакис ги понуди за продажба термичките централи, сопственост на „PPC“ кои користат лигнит од локално производство.

За продажба се предложените ТЕЦ-овите крај Лерин и Мегаполи, но земјата не може веднаш да ги исполни очекувањата на кредиторите за намалување на уделот на пазарот на „PPC“.

Уделот на државното претпријатие падна на минимум 82,75% во споредба со 85,4% на крајот од 2017-та година. Сепак, до 2019-та година, доверителите очекуваат тој да достигне 49,24%. Но, ова е малку веројатно да се случи, дури и ако продажбата на електрани на јаглен е успешна, вели грчкото издание.

Затоа, се очекува и Владата наскоро да биде принудена да ги продава и хидроцентралите на приватни инвеститори. Поради притисокот на кредиторите може да се покаже дека продажбата на средства на „PPC“ ќе се случи и при можни лоши услови и без заштитни клаузули, стравуваат кај нашиот јужен сосед.

„Катимерини“, исто така, истакнува дека доверителите никогаш не официјално ги евидентирале барањата за продажба на централите во сопственост на „PPC“. Во првичните договори беа само барањето за тендери за продажба на електрична енергија, кои започнаа во ноември 2016-та година. Ова всушност е единствената мерка што Атина ја презеде за да го намали учеството на државата во енергетскиот сектор.

Сега, сепак, во третиот преглед на програмата, се појавуваат и нови барања. Опција е продажба на хидроцентрали, што автоматски води и кон концесијата за користење на водните ресурси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП