6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Ladа пристигнува во Германија, најголемиот ривал на Dacia (фото+видео)

Новата Ladа пристигнува во Германија, најголемиот ривал на Dacia (фото+видео)

„Lada“ на одредени европски пазари понуди два модели од најновите генерации на своите возила – „Vesta SW“ и „Vesta SW Cross“.

Сопственикот на брендот „Lada“, „AvtoVAZ“, одлучи за почеток, овие два автомобили да ги пласира на еден од најконкурентните европски пазари – во Германија, но и во Австрија, Унгарија, Словачка, Бугарија и Србија.

Инаку, во Германија веќе се продава „Lada Vesta Sedan“, a сега на тој модел ќе му се придружат и две каравански верзии, по почетна цена од 11.990 eвра, колку што чини регуларната „Vesta SW“.

Новите возила на „Ladа“ под хаубата имаат 1.6-литарски бензинец со „Euro 6“ стандардот и со 106 ks (78 kW) и 148 Nm. Моторот е поврзан со петбрзински мануелен менувач.

„Vesta SW“, со тежина од 1.280 kg, од 0 до 100 km/h забрзува за 12,4 секунди, пред да ги достигне максималните 174 km/h.

Полутеренската „Vesta SW Cross“ до „стотка“ стигнува за 12,6 секунди и развива максимални 172 km/h.

Според фабричките податоци, обичната „Vesta SW“ просечно троши 7,3 l/100 km, во „Cross“ верзијата тоа изнесува 7,5 l.

За разлика од Германија, купувачите во Русија можат да нарачуваат и верзии со 1.8-литарски бензинец со 122 ks (90 kW) и 170 Nm, додека покрај мануелениот петстепен менувач достапен е и петстепен автоматик.

Најголем ривал на новите модели на „Ladа“ на германскиот пазар е романска „Dacia“, со возилата „Logan MCV“ и „Logan MCV Stepway“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП