18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа 17 години од Русија илегално се изнесени 430 милијарди долари

За 17 години од Русија илегално се изнесени 430 милијарди долари

Од Русија илегално се изнесени 430 милијарди долари во периодот 2000-2017 година, рече претседателот на Комитетот за одбрана и безбедност кој е дел од Советот на федерацијата, Виктор Бондаров.

Според сенаторот, решавањето на проблемот со нелегалните капитални трансфери ќе влијае на развојот на економијата.

Тој рече дека Комисијата предложи голем број мерки во оваа насока – создавање нови механизми за спречување на нелегални трансакции, откривање на организации создадени за затајување данок и извоз на средства од Русија.

Комитетот предлага да се подобри интеракцијата помеѓу органите за спроведување на законот и контролата, како и да се реформира банкарската супервизија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП