17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе одржа Работилница за можностите за кредитирање на мали и средни претпријатија...

Се одржа Работилница за можностите за кредитирање на мали и средни претпријатија и граѓански организации при користење на средства од ЕУ

Во Стопанската комора на Република Македонија во организација на Фондацијата за развој на мали и средни претприемништва Скопје се одржа Работилница за можностите за кредитирање на мали и средни претпријатија и граѓански организации при користење на средства од Европската унија. 

На оваа работилница се презентираа идеи за јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес во Поглавје 20.

Без презентирани анализи, врз основа на кои се утврди дека македонските компании не ги користат средствата кои им ги нудат европските фондови. Од таму и произлезе потребата од оваа работилница.

Главна цел на овој проект е подобрено бизнис окружување и олеснување на пристапот до финансии преку воведување нови финансиски инструменти за поддршка на мали и средни претпријатија за успешно користење на средствата од програмите на ЕУ наменети за развој на мали и средни претпријатија.

Како резултат на оваа работилница и проект поставени се дизајнирани нови банкарски пакети за мали и средни претпријатија и за давателите на услуги на мали и средни претпријатија за сите фази на проектното менаџирање и тоа: кредитни линии за финансирање на активностите во фаза на подготовка на проекти за финансирање од програмите на ЕУ, со цел финансиска поддршка на МСП во фазата на подготовка на проектите, односно трошоци за консултантски услуги, за патување на средби со партнери на проектот, обезбедување на потребна документација и сл., за реализација на проекти во фазите на почетно финансирање на проектните активности и во периоди кога поради динамиката на прилив на средства  од одобрените проекти фирмите мораат да вложуваат сопствени средства; за кофинансирање на проекти одобрени од ЕУ програмите бидејќи во целиот период на имплементација МСП мора да вложуваат и сопствени средства  кои во некои од програмите се 50% од вредноста на проектот. Исто така отпочнати се постапки за ревитализација на претходно постоечка кредитно-гарантна шема во рамките на МБПР и дефинирани процедури за секој финансиски инструмент и организациска шема за нивна реализација, и за потпишување на договори за стратешко партнерство на банките и/или дел од нив и давателите на услуги на МСП за соработка и креирање на ЕУ пулт за поддршка на проекти за МСП во насока на дефинирање на обврските и надлежностите на сите субјекти учесници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП