3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа 1 мај топло време до 31 степен, попладне можна нестабилност

За 1 мај топло време до 31 степен, попладне можна нестабилност

Топло време со температура до 31 степен најавуваат метеоролозите за празничниот ден – 1 Мај.

Од УХМР информираат дека времето на 1 мај ќе биде претежно сончево со мала доумерена облачност во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 26 до 31 степен.

Топлото време продолжува во наредните денови, со услови за нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи во попладневните часови. Од средината на наредната недела се очекува поизразена нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП