Економијата на САД забележа раст од 2,3% во првиот квартал oд оваа година, покажуваат официјалните податоци на Министерството за трговија на САД, цитирани од „BBC“.
Ова е подобар раст од проектираните 2% зголемување, но е послаб од растот во четвртиот квартал од минатата година, односно 2,9%.
Слабата потрошувачка, чија стапка на раст е на најниско ниво за речиси 5 години, направи голем придонес за не многу добри резултати.
Во исто време, бизнисот реализира пониски трошоци за машини и опрема, што исто така помага да се забави економијата на САД.
Аналитичарите очекуваат растот да се засили во следното тримесечје, бидејќи американските работници ќе почнат да го гледаат ефектот од даночната реформа на Доналд Трамп, што ќе се рефлектира на нивните плати.