24 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗЗа две години Toyota C-HR ќе стане електричен автомобил

За две години Toyota C-HR ќе стане електричен автомобил

Јапонскиот производител „Toyota“ развива целосно електрична верзија на компактниот кросовер „C-HR“, пишува весникот „Autocar“, повикувајќи се на информации од претставник на компанијата. Електромобилот ќе се појави на пазарот во 2020-та година заедно со хибридните верзии на моделите „Corolla“ и „Levin“.

Трите автомобили ќе се продаваат главно во Кина, а моделот на струја ќе добие комплет литиум-јонски батерии кои се наоѓаат под подот. Електричниот кросовер ќе има опсег од околу 300 км со едно полнење.

Во 2022-ра година, „Toyota“ исто така ќе понуди електрично возило со поголема километража и систем за брзо полнење. Во неговата основа ќе биде целосно нова платформа, а за моделот се предвидени и батерии од новата генерација, кои ќе можат да се полнат од специјална станица само за неколку минути.

Овој модел ќе се појави уште истата година на јапонскиот пазар, а потоа преку дилерите на брендот во Европа, целта му е да се натпреварува со електрични возила на „Tesla“ и „Nissan“ кои во моментов доминираат на Стариот континент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП