3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Најплатените илузионисти во светот

График на денот: Најплатените илузионисти во светот

Американскиот илузионист Дејвид Коперфилд се најде во центарот на медиумското внимание минатата недела, откако британски турист поднесе тужба против него за небрежност. Тој тврди дека настрадал за време на еден од неговите настапи.

Во тужбата Гевин Кокс наведува дека потрошил над 400.000 долари за медицинска нега, откако паднал за време на бројот на илузионистот наречен „Lucky # 13“.

За да го реализира трикот, Коперфилд избрал 13 гледачи по случаен избор, кои исчезнале, по што повторно се појавија во дното на салата. Илузионистот беше принуден да го открие бројот откако Кокс изјави дека паднал додека трчал по ходници, за да ја доведе илузијата до успешен крај, пишува „Statista“.

Иако адвокатите на Коперфилд тврдат дека откривањето на триковите може да влијае финансиската стостојба на клиентот, тој останува најдобро платениот илузионист во светот до денес. Според „Magazine Magazine Forbes“, волшебникот заработил нешто повеќе од 60 милиони долари во минатата година, оставајќи ги далеку назад своите конкуренти.

На второто место е магичниот дует Пен и Телер кои настапуваат во Лас Вегас пет пати неделно и имаат своја ТВ-емисија. Минатата година тие заработија 30,5 милиони долари.

Третото место е за американскиот каскадер, илузионист и музичар Крис Ангел, кој минатата година заработил 14,5 милиони долари благодарение главно на заедничката претстава со „Cirque du Soleil“ и настапите во египетското летувалиште Луксор.

Најплатените илузионисти во светот минатата година заработија вкупно 147 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП