27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар го реализира проектот за смирен сообраќај и заштита на пешаците

Општина Центар го реализира проектот за смирен сообраќај и заштита на пешаците

Од Општина Центар информираат дека периодов работат на зголемување на безбедноста и на подигање на свеста кај граѓаните и учесниците во сообраќајот.

„Со фарбање на улиците во делот каде што е предвидена Зона 30 во Дебар Маало, се поставува хоризонтална сигнализација која што ќе ги предупредува учесниците во сообраќајот дека навлегуваат во зона на смирен сообраќај. Истовремено, продолжува и поставувањето на безбедносни столбови на улиците во Дебар Маало за ослободување на тротоарите од нелегално паркираните возила и за слободно движење на пешаците“, информираат од скопската општина.

Оттаму додаваат дека за подобрување на хигиената, во соработка со Комунална хигиена, општината ги заменил старите подземни контејнери со нови кои не рѓосуваат. Исто така, апелираат до жителите и до сите граѓани да ги почитуваат насоките и заложбите за чист Центар и заштита на животната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП