25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајмоќните ќе се состанат во Велика Британија

Најмоќните ќе се состанат во Велика Британија

bilderberg1

Највлијателната светска група „Билдерберг“ ќе го одржи овогодинешниот состанок во британскиот град Хертфордшир, а темите на традиционалниот состанок на најмоќните луѓе во светот не се познати.

Многу политички и економски аналитичари и новинари тврдат дека групата „Билдерберг“ има големо влијание врз светските случувања, а некои ја обвинуваат дека таа тајно управува со човештвото.

За што во Британија ќе разговараат моќните политичари, медиумски могули и најсилните индустријалци во светот – останува тајна, како и повеќето информации за оваа група.

Она по што овој состанок се разликува од претходните е фактот дека е објавена листата на учесници.

Покана, помеѓу останатите, добија и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, кој е постојано присутен на ваквите состаноци.

На списокот е и холандската кралица Беатрикс, премиерите на Италија и Франција, шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт и многу други политичари, медиумски могули и економисти.

На конференцијата „Билдерберг“ може да се присуствува само со покана, а меѓу личностите кои присуствуваат на овие состаноци се кралевите, претседателите на државите, индустриските моќници, како и лидерите на најмоќните корпорации во светот.

Првата конференција била одржана во хотелот Билдерберг во Холандија во 1954 година, а целта била да се поправи лошиот став на Европејците кон САД и да се промовира „атлантицизмот“ – идејата за тесна соработка меѓу Европа и Северна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП