18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФормирано Здружение на граѓани корисници на лифтови

Формирано Здружение на граѓани корисници на лифтови

Во јануари 2018 година основано е Здружение на граѓани корисници на лифтови и друштва во Р.Македонија од страна на граѓани чија основна цел е зголемување на свеста за значењето на користењето на лифтовите, како и зголемување на безбедноста на граѓаните при користењето на истите.

Имено, станува збор за аспект на кој воопшто не е посветено внимание, а е особено важен за безбедноста и здравјето на граѓаните, па цел на Здружението е токму да го актуелизира ова прашање.

“Сите ние секојдневно сме корисници на лифтови и ескалатори, без разлика дали ги кориситиме во станбената зграда во која живееме или пак при вршење на секојдневните активности, посета на институции итн. Во таа насока, сведоци сме на фактот дека во голем дел на објекти лифтовите кои се користат се дотрајани и стари и по повеќе од 20 години, а нивната замена или поправка претставува особен товар за куќните совети во станбените згради, со оглед на тоа што истото подразбира големи финансиски издатоци, а од друга страна новите лифтови се со особено слаб квалитет и прилично небезбедни за користење”, велат од здружението.

“Впрочем и првична насока на дејствување на здружението е токму соработка со органи, тела и институции како на национално, така и на меѓународно ниво, а со цел обезбедување на финансиска помош и поддршка за замена или поправка на дотрајаните лифтови, како и зголемување на квалитетот на новите лифтови кои се произведуваат и вградуваат, а со помош на барање на донации и изработување на проекти”, додаваат од здружението.

Приорити и цели на здружението е и едуцирање на граѓаните и запознавање за начинот на функционирање на сервисните куќи како и инспекциските тела за лифтови и нивните права и обврски, со цел спречување на здружување и манипулација на корисниците од страна на фирмите кои се занимаваат со одржување на лифтовите инспекциските тела, правата и обврските на државниот инспекторат поврзани со истото прашање, а во таа насока и обезбедување побезбедни лифтови за сите корисници на истите.

Какви лифтови се вградуваат во новите згради (дали и зошто не ги задоволуваат капацитетите и потребите на корисниците кој и како се одобрува вградување на лифтовите). Исто така, особена цел на здружението е соработка со државните институции, односно лобирање во насока на барање на измена на законската и подзаконската регулатива, организирање на стручни советувања и семинари заради известување, размена на искуства и завземање ставови за прашања од заеднички интерес, а со цел лифтовите да се направат побезбедно средство за користење.

Здружението располага и со веб страница, на која сите граѓани можат да се запознаат со работата на здружението и остварувањето на поставените цели, а воедно сите кои сакаат да пристапат и да станат дел од ова здружение, истото можат да го направат токму преку оваа веб страна: www.zdruzenieliftovi.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП