29 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBarclays објави загуба за првиот квартал

Barclays објави загуба за првиот квартал

Британскaта банка „Barclays“ забележа загуба за првото тримесечје од годината, откако мораше да плати 2 милијарди долари за решавањето на дело во САД во врска со продажбата на хипотекарни хартии од вредност.

Банката, исто така, мораше да одвои дополнителни 400 милиони фунти, за да ги покрие жалбите за незаконската продажба на осигурување за обезбедување на плаќањата, објави „ВВС“.

Во првиот квартал од годината „Barclays“ забележа загуба пред оданочување во износ од 236 милиони фунти (329 милиони долари). За споредба со истиот период од минатата година беше забележана добивка од 1,6 милиони фунти.

Но, исклучувајќи ги судските трошоци се забележува раст од 1% во добивка до 1,7 милијарди фунти (2,3 милијарди долари).

„Овој квартал ние… постигнавме договор со американското Министерство за правда, за да се реши прашањето поврзано со продажбата на станбените хипотекарни хартии од вредност меѓу 2005-та и 2007-ма година“, посочи извршниот директор на банката Џес Стејли.

Сепак од „Barclays“ изјавија дека сепак имаат намера да им исплатат на своите акционери дивиденди од 6,5% по акција.

Минатата недела стана јасно дека на Стејли му се заканува со парична казна од британските регулатори поради тоа што го прекршил законот со обидите да го утврди идентитетот на лице кое поднело анонимен сигнал за сомневања пред Управниот одбор на банката. Британските власти ја започнаа истрагата против извршниот директор пред една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП