30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина започна истрага за увозот на виното од ЕУ

Кина започна истрага за увозот на виното од ЕУ

kina11

Кина започна истрага за увозот на вино од земјите во ЕУ, еден ден откако Брисел воведе царина на увозот на кинеските соларни панели.

Кина сака да провери дали европските увозници го продаваат виното за пониска цена од реалната вредност на таа роба.

ЕУ воведе царина од 12 проценти на кинеските соларни панели, по заклучокот дека ниските цени на овие производи му нанесуваат штета на европскиот соларен сектор.

Кина соопшти дека одлучно се противи на оваа „неправедна“ царина и напомена дека нејзините власти и индустријата секогаш биле искрени во решавањето на сите прашања преку дијалог и консултации.

„Се надеваме дека европската страна ќе покаже стабилност и флексибилност, и дека преку консултации ќе пронајдеме решение кое е прифатливо за двете страни“, соопшти Шен Данјанг, портпарол на кинеското Министерство за трговија.

Тој не ги прецизираше деталите во врска со истрагата за увозот на европските вина, ниту кажа колку таа ќе трае, пренесува Франс прес.

Кина е најголемиот светски производител на соларни панели, а во 2011 година таа во ЕУ извезе панели во вредност од 21 милијарда евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП