3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААД ЕЛЕМ ќе продава вишоци електрична енергија

АД ЕЛЕМ ќе продава вишоци електрична енергија

АД ЕЛЕМ објавува продажба на вишоци електрична енергија во вкупна количина од 102.720 МWh, за месеците јуни, јули и август 2018 година, односно за јуни 43.200 MWh, јули 29.760 MWh и за август 29.760 MWh. електрична енергија.

Продажбата ќе се одржи на 3 мај 2018 година (четврток) во просториите на Дирекција на АД ЕЛЕM – Скопје, по пат на аукциско наддавање, од страна на лиценцираните трговци и снабдувачи со електрична енергија со кои АД ЕЛЕМ има склучено рамковни договори.

„Најавената продажбата ќе овозможи зголемување на производството на АД ЕЛЕМ во обем на наведените количини, зголемување на портфолиото на компанијата и подобрување на финансиската состојба. Исто така, сакаме да нагласиме дека во исто време снабдувањето со електрична енергија за тарифните потрошувачи – домаќинствата и помалите компании на регулираниот пазар за електрична енергија се одвива редовно и во согласност со потребите“, велат од ЕЛЕМ.

Продажбата на вишоци на електрична енергија, која е огласена денеска, е прва по подолг временски период, односно АД ЕЛЕМ последен пат продала вишоци од своето производство во 2016 г., во вкупна количина од 16.000 MWh.

Објавата и деталите за продажбата се дадена на веб-страницата на АД ЕЛЕМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП