18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКримскиот мост скоро готов?! (Видео)

Кримскиот мост скоро готов?! (Видео)

„Кримскиот мостот е асфалтиран, остана само изолација и хоризонтална сигнализација“, изјави Леонид Риженкин, директор на градежната компанија „Строгазмонтаж“ која го гради мостот.

Градежните работници напоредно со изградбата вршат одредени неопходни испитувања, а се поставува и систем за следење на протокот на експлоатација на мостот, рече Риженкин.

Тој додаде дека мостот ќе биде отворен за сообраќајот уште во мај месец, иако до тогаш нема да бидат пристапни сите патишта, но сепак возачите ќе можат од полуостровот да преминуваат на копно.

Имено, мостот со кој полуостровот Крим ќе биде споен со Краснодарскиот регион, долг е 19 километри и ќе биде најдолгиот мост во Русија.

Иако се очекуваше мостот да биде отворен за сообраќајот во декември 2018–та година, според информациите автомобилите ќе можат слободно да се движат многу порано од очекуваното.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП