28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple, Microsoft, Oracle, Nike... обвинети за неплаќање даноци

Apple, Microsoft, Oracle, Nike… обвинети за неплаќање даноци

apple2

Граѓанската иницијатива за даночна еднаквост во САД објави извештај, според кој 18 големи американски компании на државата и должат 92 милијарди долари.

Најмалку 18 големи американски компании го пренесувале својот профит во даночните оази надвор од САД, пренесува „Бизнис Стандард“.

Минатиот месец во јавноста се појавија инсинуации дека технолошкиот гигант „Apple“ избегнал плаќање на неколку милијарди долари данок, а сега му се придружија и компаниите „Nike“, „Oracle“, „Microsoft“, „Dell“, „American Express“ …

„Apple“ претходно ги отфрли ваквите обвинувања, велејќи дека тој создал 600.000 работни места во САД и дека платил шест милијарди долари данок кон американското Министерство за финансии во 2012 година.

Претставниците на граѓанската иницијатива веруваат дека големите компании ги кријат своите приходи во земјите каде податоците за банкарските сметки се строга тајна, тие потсетуваат дека со ваквото даночно затајување страда економијата на државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП