25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Пекинг дебитираше новиот Lexus ES (фото+видео)

Во Пекинг дебитираше новиот Lexus ES (фото+видео)

Lexus на саемот во Пекинг и официјално ја претстави седмата генерација на лимузината „ES“.

Новиот „ES“ доби карактеристична, масивна маска на ладилникот која ги одликува најновите генерации на возилата на „Lexus“, но и порасна во димензии.

Автомобилот е подолг од претходникот за 65 mm (4.975 mm), додека меѓуосовинското растојание е поголемо за 50 mm. Новиот „Lexus ES“ е поширок за 45 mm oд претходната генерација.

Во кабината доминира голем, 12,3-инчен дисплеј за мултимедијалниот систем.

На централната козола, од десна страна на рачката од менувачот се наоѓа екран чувствителен на допир со кој се управуваат содржините и функциите од мултимедијалниот уред.

„Lexus“ засега ги објави само техничките детали за моделот „ES 350“ зa американскиот пазар.а

Овој автомобил е опремен со 3.5-литарски „V6“ со 305 ks (224 kW) и 355 Nm максимален вртежен момент, што значидека „Lexus ES 350“ помоќен за 30 коњи од својот претходник.

Моторот е поврзан со новиот осумбрзински автоматски менувач.

Во понудата ќе биде и хибридниот „ES 300h“, но производителот засега не ги објави неговите спецификации.

Новиот „Lexus ES“ во продажните салон ќе пристигне до крајот на 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП