7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсламската држава има 3 милијарди евра капитал?

Исламската држава има 3 милијарди евра капитал?

Терористичката група „Исламска држава“ може да има капитал од околу 3 милијарди евра. Дел од овие пари се инвестираат во легитимен бизнис преку поставени лица.

Ова го објави француското радио „Europe 1“ во пресрет на конференцијата за финансирање на тероризмот организирана од француската влада. Форумот беше отворен вчера во Париз и ќе продолжи денеска.

Парите се акумулирани во текот на три години од наплатени надоместоци од окупираните територии и од нелегалната трговија со нафта во северен Ирак и Сирија, покажуваат податоците на службите за безбедност, кои ги цитира радиото.

Особено, во областите контролирани од страна на терористите, до 40% од целокупното ирачко производство на жито и околу 80% од сирискиот памук биле произведени.

Терористите исто така ја заплениле нелегално сопственоста на своите противници, вклучувајќи христијани, шиити и езиди.

Весникот „Le Monde“ објави дека за овие три години дел од средствата преку поставени лица се инвестираат во апсолутно легитимен бизнис, како што е рибник во Ирак.

Терористите, исто така, создадоа мрежа на дознаки преку посредници во Турција и другите земји од Блискиот Исток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП