13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп го прави првиот чекор, сака помирување со Кина

Трамп го прави првиот чекор, сака помирување со Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека американскиот министер за финанси Стивен Менучин наскоро ќе отпатува во Кина на разговори.

На овој начин двете глобални економски сили ќе ги разгледаат решенијата за трговските несогласувања.

Трамп на заедничка конференција со претседателот на Франција, Макрон за новинарите изјави дека министерот „за неколку дена ќе отпатува во Кина на преговори за трговските спорови“, пренесува агенцијата „AP“.

Исто така, додаде дека САД и Кина се „доста сериозни“ и ја искористи можноста да ги повтори своите планови за воведување на дополнителна тарифа на увозната кинеска роба во вредност од 100 милијарди долари.

„Ќе има доста поголеми тарифи, и ова ќе трае се додека не постигнеме трговски договор. Мислам дека постојат големи шанси да успееме да се договориме“, рече Трамп.

САД и Кина стигнаа до работ на можен конфликт кој може да предизвика сериозни последици како оние во Втората светска војна. Двете земји најавија воведување царина при взаемен увоз на производи во износ од 50 милијарди долари, со што целта на американскиот претседател е да го зголеми износот од 50 на 100 милијарди долари.

Менучин покажа оптимизам и смета дека двете земји ќе успеат да ја избегнат трговската војна.

Тој минатата недела оствари средба со финасиски претставници од Кина, Јапонија и Европа.

Американската агенција додава дека, како знак на добра воља во актуелната ситуација, претседателот на Кина овој месец вети дека кинескиот пазар ќе биде отворен за странските компании, што дава некаква надеж дека спорот со Вашингтон ќе се реши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП