28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple ќе вработува 7.400 луѓе во Coupertino

Apple ќе вработува 7.400 луѓе во Coupertino

apple-hq

Американската компанија која произведува компјутери и слични уреди, „Apple“ има во план да го зголеми бројот на вработени во Силицијумската долина во Калифорнија за скоро 50 проценти во наредните три години.

Во соопштението кое беше објавено вчера беше потенцирано дека предвидуваат вработување на 7.4000 луѓе во местото „Cupertino“ каде што е седиштето на компанијата кое постепено ќе се догради до 2016-та година. „Apple“ во моментов таму има 16.000 работници, додека пак ширум светот има скоро 73.000 вработени.

Извештаите за плановите од „Apple“  ги поднеле до локалната власт во „Cupertino“ како образложение со барањето за дозвола за изградба на новиот комплекс на згради кој ќе се простира на површина од 320.000 квадратни метри.

Потребата за толку нови вработени во седиштето на компанијата е показател дека раководството има големи амбиции кои бараат многу повеќе инженери отколку што во моментов ги имаат.

Според извештаите на  „Apple“ тие на своите 16.000 вработени во овој град минатата година им исплатиле вкупно две милијарди долари во плати или просечно по 125.000 долари од вработен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП