24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААнѓушев: Владеењето на правото и политичката стабилност се основа за економски раст...

Анѓушев: Владеењето на правото и политичката стабилност се основа за економски раст и развој

Економската состојба во земјата е стабилна, обезбедна е политичка стабилност, а интересот на бизнисмените за инвестиции е зголемен, истракна заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Аншушев, на неговото обраќање на панелот „Регулативата во функција на инвестициите“ дел од економскиот форум „Инвестиции за долгорочен економски развој“.

Анѓушев истакна дека Владата е особено посветена на економијата, за предизвиците во економијата се дискутира на Економскиот совет, тело со кое претседава претседателот на Владата, кадешто се разгледуваат сите економски прашања со цел да се забрза економскиот раст и да се обезбеди повисок бруто домашен производ.

„За економски развој, фундаметално е да се обезбеди владеење на правото, што е исклучително важно за секој инвеститор да биде сигурен во својот капитал, како и да се обезбеди стабилност на политиката“, посочи вицепремиерот и притоа даде личен пример дека во 2017 година, немилите случувања во Собранието, дале негативна перцепција за земјата во меѓународни рамки и влијаеле на забавување на економскиот развој.

Анѓушев нагласи дека Владата ќе се посвети на реализација на капитални инвестиции и на повисоко ниво на искористување на предпристапните фондови од Европската Унија, во насока на изградба на квалитетна инфраструктура, подобрување на условите за водење бизнис и воопшто за подобар живот за граѓаните.

„Сите ние со задоволство патуваме кон дестинации кадешто патиштата се квалитетни и овозможуваат брзо пристигнување на крајната дестинација, на пример кон Белград или Солун, додека за да патуваме до Софија или Тирана потребни ни се 5 часа за да пристигнеме. За поголема економска соработка со соседните земји и подобри услови за бизнисот, Владата ќе се посвети на изградба на патна и железничка инфраструктура и подобра регионална поврзаност“, нагласи Анѓушев.

Преку зголемување на домашната потрошувачка, поттикнување на конкурентноста на компаниите и капитални инвестиции можни се повисоки стапки на бруто домашниот производ, заклучи вицепремиерот.

„Растот на домашната потрошувачка е ограничен и токму затоа Владата се посвети кон реализација на мерки со кои ќе се стимулираат компаниите да реализаираат нови инвестииции и да станат поконкуретни, додека преку реализација на квалитетно испроектирани инфраструктурни проекти ќе ја подобриме конкурентноста на македонската економија генерално“, нагласи Анѓушев и притоа ги охрабри компаниите да инвестираат во 2018 и годините кои следат, со уверување дека во Владата ќе имаат стабилен и искрен партнер.

Економскиот форум е во организација на Сојузот на стопански комори, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и МАСИТ и е дел од проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, поддржан од УСАИД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП