3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКрај на финската револуција, 560 евра без работа само на „сон“

Крај на финската револуција, 560 евра без работа само на „сон“

Финската влада одлучи да не го продолжува пилотскиот проектот кој успеа да привлече големо внимание на јавноста за исплата на основниот доход.

Моментално 2.000 невработени граѓани добиваат надоместок од 560 евра како основен приход.

„Владата не сака да продолжи со финансирање. Тие се откажаа од дополнително финансирање“, изјави Оли Кангас, еден од експерименталните автори.

Некои луѓе основниот приход го гледаат како некој начин на вработување на невработените. Неговиот аргумент беше дека ако на сите им се исплати надоместок, основниот приход ќе гарантира сигурност. Тоа би можело да помогне при големата несигурност кај работниот статус.

Поборниците велат дека основната заработка ќе ја зголеми мобилноста на пазарот на труд, бидејќи луѓето ќе продолжат да остваруваат  приход помеѓу работните места.

Финска со двегодишниот договор кој стапи на сила во јануари 2017-та година, е прва европска земја која тестира безусловни основни приходи. За надоместок беа случајно избрани 2.000 учесници, сите невработени.

Меѓутоа проектот нема да биде поддржан следната година, а владата сега испитува други опции за реформа на финскиот систем за социјална заштита.

„Малку сум разочаран од одлуката на владата“, истакна професорот Кангас, истражувач во Институтот за социјална сигурност, финска владина агенција.

Тој кажа дека го одбиле барањето на Институтот за дополнителни 40 до 70 милиони евра за финансирање на основните приходи за  вработената група, наместо ограничување на експериментот на 2.000 невработени лица.

Резултатите од овој проект ќе бидат објавени до крајот на 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП