5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBrabus го „стокми“ Mercedes GL63 AMG

Brabus го „стокми“ Mercedes GL63 AMG

brabus

„Brabus“ ја претставија новата програма за „Mercedes GL63 AMG“. На прв поглед овој модел има многу агресивен изглед кој се содржи од широк боди кит со модифицирани браници, големи крила и спојлер на задниот капак.

brabus1

Кросоверот има нов заден дифузор, спортски издувен систем од нерѓосувачки челик, „high-performance“ сопирачки и модул за пониско потпирање кој го прави автомобилот понизок за 30 мм. Во понудата има три големини на бандажи од 21 инчи, 22 инчи или 23 инчи кои би можеле да дојдат директно со гумите на „Yokohama“ или „Pirelli“.

brabus2

Промените во внатрешноста не се многу, но за сметка на тоа се доста видливи. „Brabus“ вметнале алуминиумски педали, волан со нивната ознака, како и брзиномер со бројката 320. По желба на клиентот може да се додадат и нови осветлени прагови, елементи од дрво и специјален тапацир од кожа или алкантара.

brabus3

Подобрувања има и кај моторот кој е 5.5-литарски V8 и добил „PowerXtra“ со кој „GL63 AMG“ е подобрен на 620 КС и 820 Nm вртежен момент или зголемување од 63 КС и 60 Nm. Ова му овозможува да забрза од 0 до 100 км / ч за 4.7 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП