4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемите криптовалути се зголемија за речиси 75% од почетокот на април

Најголемите криптовалути се зголемија за речиси 75% од почетокот на април

Најголемите криптовалути во светот продолжија да поскапуваат, зголемувајки ја цената со речиси 75% од почетокот на април, соопшти „Bloomberg“.

„Етериумот“, „Рипле“ и „Bitcoin Cash“ имаат стекнато досега најголема предност според податоците на „Bloomberg“ и „Coinmarketcap.com“. Пазарниот лидер биткоин поскапе за 3,6%, па тргуваниот дел достигна 2 милијарди долари на десетте најголеми трговски платформи за криптовалути во последните 24 часа.

Бројни валути забележаа раст во април поради нестабилноста на многу од пазарите на акции и обврзници во светот. Трејдерите кои тргуваат со традиционални средства, се наметнува во моментов да го земат во предвид растечкиот принос на обврзниците и прогнозите за инфлацијата, како и менување на тонот на разговорите меѓу САД и Кина, како и тензиите меѓу САД и Русија.

И покрај значителното зголемување во април на десетте најтргувани дигитални валути се уште се тргуваат со над 40% под нивните рекордни вредности, остварени во почетокот на јануари.

„Bitcoin Cash“ само за една недела пак успеа да забележи раст во цената од 80%, а како основа на движечкиот фактор за раст е претстојната поделба на валутата на две.

Во вторникот биткоинот достигна највисоко ниво од повеќе од еден месец наваму – малку над 9.300 долари. За последен пат, најпопуларната криптовалута ја надмина таа цена на 14-ти март.

Биткоинот преживеа екстремно силен пад на нејзината цена од 48% во првиот квартал. Според „CNBC“ голем дел од поевтинувањето се должи на распродажбите, парите од кои инвеститорите ги користеле за да ги платат даноците. Според американскиот закон за данок, данокот на добивка од трансакциите со криптовалути треба да се плати.

Уште еден фактор со кој многу се мери на пазарот на дигитални пари е затегнување на регулаторната контрола на глобално ниво.

Од резултатите од истражувањето спроведено од „Thomson Reuters“, во меѓувреме стана јасно дека секоја петта финансиска институција размислува да започне тргување со криптовалути во наредните 12 месеци.

Меѓу учесниците во анкетата кои изразуваат желба да тргуваат со криптовалути, како биткоинот, 70 проценти изјавиле дека планираат да започнат трговија во наредните три до шест месеци, покажува истражувањето, цитирано од агенциите.

Анкетата опфаќа над 44 клиенти од платформите на „Thomson Reutres“, вклучувајќи големи менаџери на средства, хеџ фондови и оддели за комерцијални операции во најголемите банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП