22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИОткако откупија дел од нафтниот гигант, почнаа со отпушање на работници

Откако откупија дел од нафтниот гигант, почнаа со отпушање на работници

Постојат големи шанси кинескиот енергетски гигант „CEFC“ да затвори 30.000 работни места, поради се поголемиот финансиски притисок и зголемениот надзор на домашните власти.

„Договорот за купување на 14% удел во рускиот „Роснефт”, меѓутоа сепак останува остварлив иако се најде на удар од неодамнешните потешкотии во команијата“, изјави потпретседателот на истражувачкото одделенение во „CEFC“, Џуан Џанџинг, пренесува агенцијата „Блумберг“.

„CEFC“ претходната година договори купување на акции во руската компанија за 9 милијарди долари, но работите оваа година ќе бидат покомплицирани поради оставката на претседателот веднаш откако тој се најде под истрага на кинеските власти, во период кога во компанијата се појавија финансиски проблеми.

„Се надеваме дека ќе успееме да ги пребродиме овие тешки времиња“, изјави Џанџинг, наведувајќи дека ќе бидат отпуштени повеќе од 10.000 работници.

Кога „Роснефт“ во месец семтември го најави овој договор, „CEFC“ соопшти дека располагаат со 50.000 работници и себе се опиша како најголема кинеска приватна нафтена и гасна компанија, со приход поголем од 40 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП