Во населбата Лисиче старите метални столбови за јавно осветлување, кои сега се наоѓаат во дворните места на куќите, ќе бидат заменети со нови, информираат од Општина Аеродром.
Освен замената со нови, столбовите кои со години се наоѓаат во приватните дворови ќе бидат поставени на јавна површина, односно на тротоарите.
Како што соопштуваат од Општината, станува збор за 265 столбови и околу 330 нови светилки, за што од буџетот на Аеродром се издвоени околу пет милиони денари.
Исто така, за годинава се планира и осветлување на трговскиот центар во населбата Лисиче.