18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРејкјавик е прогласен за „најзелен град“ во светот

Рејкјавик е прогласен за „најзелен град“ во светот

Малата и снежна Исландска престолнина Рејкјавик застана на чело на листата за „најзелен град“ во студијата на холандска онлајн туристичка агенција „TravelBird“, соопштија светските агенции.

Второто место е Оукленд во Нов Зеланд, по што следи словачкиот главен град Братислава и шведскиот град Гетеборг. Петти во Индексот на зелените градови останува австралиски Сиднеј.

„Голем број популарни дестинации низ целиот свет презедоа значајни чекори кон зачувување и градење на зелени површини“, рече Фиона Вандербрук, главен туристички директор во компанијата.

„Се трудиме да ги инспирираме патниците да гледаат поинаку на градските патувања, така што ги повикуваме да се поврзат со природата, додека уживаат во виталноста, културата и заживувањето, кои ги бараат во еден град“, додава таа.

Според податоците на ОН до 2050-та година, преку две третини од светското население ќе живее во урбаните средини, така што организацијата повикува на радикално преиспитување на урбанистичкото планирање.

Во исто време, Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека зелените простори ги освежуваат градовите така што ја промовираат физичката активност и можат да го олеснат стресот, како да се зголемената социјална интеракција и да го подобрат менталното здравје.

Индексот на „TravelBird“ анализирал картографски податоци од 50 популарни дестинации за градски одмор, оценувајќи ги видовите и бројот на зелените простори како паркови, терени за голф, ливади, лозја и фарми.

Податоците покажаа дека Рејкјавик, во кој живеат околу 120.000 луѓе, има 410 квадратни метри зеленило на жител, што се должи и на големите национални паркови.

На дното на листата како „најмалку зелен град“ е Токио, следен од Истанбул во Турција, Атина во Грција, Лион во Франција и чилеанската престолнина Сантјаго со помалку од 8 квадратни метри зеленило на жител.

Од британските градови, Единбург се рангира на прво место, а меѓу американските се главниот град Вашингтон и Лос Анџелес.

Голем број градови преземаат чекори за подобрување на зелената средина со забрана на дизел возила, користење автобуси со нула емисија и поставување построги ограничувања за загадување на воздухот. Тие се стремат да ги постигнат целите поставени во Парискиот договор за борба против климатските промени до 2025-та година и да ги ограничат емисиите на стакленички гасови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП