16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис климата во Германија се влоши повеќе од очекуваното во април

Бизнис климата во Германија се влоши повеќе од очекуваното во април

Бизнис климата во април во Германија се влошува повеќе од очекуваното на месечна основа, според податоците на Институтот „Ifo“.

Индексот, кој го мери расположението во најголемата економија во Европа, се намалува до 102,1 поени при консензуална прогноза на пазарот за 102,8 поени. За споредба, во март реперот достигна 103,3 поени.

Индексот кој ги мери тековните деловни услови падна на 105,7 поени наспроти 106,6 поени измерени во март. Идните очекувања за бизнис климата, исто така, се влошуваат на 98,7 поени од 100 поени во третиот месец од годината.

Бизнис расположенијата се „ладат“ меѓу производителите, давателите на услуги и трговците на мало, но се подобруваат меѓу градителите.

Истражувањето на Институтот „Ifo“ се прави меѓу 7.000 претставници на бизнис секторот, а во април во индексот за бизнис климата за првпат е вклучен и услужниот сектор.

Претходно овој месец друг клучен показател за довербата во економијата на Германија покажа негативни вредности за прв пат од јули 2016-та година. Индексот за бизнис климата на Центарот за европски економски истражувања „ZEW“ достигна 8,2 процентни поени во април што покажува пад со 13,3 поени во споредба со март.

Во месечниот извештај за април пак „Bundesbank“ посочи дека расцутот на германската економија продолжува, иако растот на бруто домашниот производ (БДП) во првото тримесечје на 2018-та година може да е доста помалку отколку во претходните квартали.

Сојузниот завод за статистика планира да ја објави својата прва проценка на растот на БДП-то за првиот квартал на 15-ти мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП