14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖените можат да додадат 4,5 илјади милијарди долари во азиската економија

Жените можат да додадат 4,5 илјади милијарди долари во азиската економија

Посилниот пробив на жените на пазарот на труд може да има позитивен ефект врз азиската економија.

Според извештајот на „McKinsey Global Institute“, земјите од Азиско-тихоокенаскиот регион можат да го зголемат вкупниот бруто домашен производ со 4.5 илјади милијарди долари до 2025-та година, ако ја подобрат половата еднаквост.

Разгледуваниот регион е можеби „најдинамичниот регион во светот“, пишува во извештајот, но жените во многу од земјите таму се соочуваат со нерамноправен однос на работното место и во општеството во споредба со мажите.

Едни од најголемите разлики помеѓу половите се забележани во Бангладеш и Индија, каде што има грижи за состојбата на економијата поради недостаток на доволно жени на пазарот на труд.

Дури и во добро развиените економии, како Јапонија и Јужна Кореја, се смета дека има „екстремно високи“ нивоа на нееднаквост меѓу половите од гледна точна на можностите во кариерата, се тврди во извештајот, цитиран од страна на „CNN“.

Според „McKinsey Global Institute“, во Кина, втората по големина економија во светот, постои процес на сѐ поголем број на жени кои влегуваат на пазарот на труд, но сеуште нема доволно дами на менаџерските позиции.

Извештајот дава позитивни оценки за земјите како што се Филипините, Нов Зеланд и Сингапур, што укажува на тоа дека родовата рамноправност е постигната таму на работното место.

Сепак, според организацијата, регионот мора да направи повеќе работи во врска со ова прашање.

Студијата вели дека најголем економски пораст може да дојде од земјите кои го зголемуваат бројот на женски работници.

Друг механизам за економски раст е да се зголеми работното време на дамите и да се постават на позиции што бараат поголема продуктивност.

Според извештајот, Кина може да додаде 2,6 илјади милијарди долари во својата економија, ако ја подобри родовата еднаквост. Индија, од друга страна, би требало да го зголеми БДП-то за 770 милијарди долари, ако ги искористи повеќе жените на пазарот на труд.

„McKinsey Global Institute“ ги повикува пратениците во регионот да вложат напори за пробивање на дамите на пазарот на труд.

Според организацијата, земјите треба да спроведат мерки за стимулирање на промена на улогата на жените во нивните општества, како и подобрување на пристапот до згрижување на деца.

„Од економска гледна точка, обидот да се зголеми без да се искористи целосниот потенцијал на жените е како да се борат со една рака врзана зад грбот“, додава „McKinsey Global Institute“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП