8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБОР почнува со програмата за финансирање енергетска ефикасност во домаќинствата

ЕБОР почнува со програмата за финансирање енергетска ефикасност во домаќинствата

ЕБОР почнува со финансирање на домаќинствата преку Програмата за финансирање енергетска ефикасност (Green energy efficiency financing facility-GEFF), која ќе обезбеди финансирање за подобрувањето на енергетската ефикасност во домовите.

„Охридска банка Сосиете женерал“ и „Шпаркасе банка Македонија“ потпишаа договор со ЕБОР, со што станаа првите локални банки кои ќе пласираат кредитни линии во вкупен износ од 4 милиони (по 2 милиони евра секоја), наменета за натамошно кредитирање на домаќинствата. Дополнителни 4 милиони евра е планирано да се пласираат преку други локални банки. Овие инвестиции ќе им помогнат на домаќинствата да бидат на повисоко ниво на енергетска ефикасност, ќе ги намалат нивните емисии на гасови и ќе го подобрат нивниот животен стандард. GEFF програмата за Македонија е дел од програмата за Западен Балкан во износ од 85 милиони евра.

Настанот во Скопје на кој се презентира ова финансирање, ги собра на едно место учесниците во GEFF, вклучувајќи ги донаторите, државните претставници, претставниците на локалните банки, добавувачите и производителите на соодветни технологии за домовите. Физичките лица ќе можат да подигнат кредити од овие партнерски финансиски институции за да се снабдат со технолошки решенија за користење на зелената енергија, како што се прозорци со двојни стакла, енергетски ефикасни бојлери или термална изолација за домовите.

Домаќинствата кои ќе инвестираат во технологии на енергетска ефикасност ќе можат да аплицираат за грант од ЕУ во износ до 20% од нивната инвестиција. Продавачите и производителите на решенија за енергетска ефикасност за резиденцијалниот сектор, исто така ќе можат да пристапат до финансирањето од GEFF програмата. Како дополнување на самото финансирање, оваа програма обезбедува и техничка помош, вклучувајќи ревизија на енергетската состојба за реновирање на станбените згради.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП