26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓанската асоцијација „Мост“ во соработка со ЕУ тргнува кон нов проект

Граѓанската асоцијација „Мост“ во соработка со ЕУ тргнува кон нов проект

Денес беше реализиран проект од страна на Институтот за стратешки истражувања и едукација под наслов „Како се троши средношколскиот денар?“.

Главната цел на овој проект во кој се вклучени економисти, истражувачки новинари, професори како и студенти е да ги анализира трошоците за јавна набавка во период од 2013-та до 2016-та година.

„Анализите се спроведени од страна на средните училишта, вкупно 103 од кои 89 се основани од општините или градот Скопје, а останатите 14 се основани од страна на Република Македонија“, изјави Дарко Спасевски, вонреден професор на Правниот факултет.

Исто така, тој додаде дека покрај финансиската поддршка од страна на „Мост“, кон овој проект се приклучи и Европската унија со финансиска помош од 3.000 евра.

Денес во 12 часот во презентирањето на проектот учествуваше и претставник на емисијата „Код“ , тие имаа прилика да го истакнат ставот за овој проблем со кој ќе се позанимаваат се додека не најдат целосен одговор.

Во своето излагање истражувачкиот новинар Снежана Лупевска рече „Тоа што немаме целосен пристап до информациите за тоа каде одат парите наменети за јавна набавка не примамува подетално да истражиме“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП