18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Германија и колку е значаен фестивалот на пивото

График на денот: Германија и колку е значаен фестивалот на пивото

Несомнено, германското пиво е едно од најпопуларните пива во светот. Сепак, постои причина зошто пиварите во земјата секоја година го слават 23-ти април – денот на германското пиво. На овој датум во далечната 1516-та година во Германија, влегува во сила познатиот „Reinheitsgebot“ или Законот за чистота на пивото.

Одредбата, која е во сила и до ден денес, значи дека од тој ден наваму само одредени состојки може да се користат при производство на пиво, вклучувајќи вода, хмељ, квасец и јачмен.

Statista.com“ претставува графикон кој ја сумира германската индустрија на пиво. Според податоците денес, од алкохолниот пијалак во земјата има 6.000 различни брендови, со постојано растечки број на пивари.

Ова се случува и покрај фактот дека од 1995-та година има постојано намалување на количините на пиво кое се консумира. Ако до крајот на минатиот век тие биле над 106 милиони хектолитри, во 2017-те тие се само над 77 милиони хектолитри.

Сепак, германското пиво е меѓународен хит. За нешто повеќе од 20 години, извозот пораснал повеќе од двапати на 16,2 милиони хектолитри во изминатата година.

Изненадувачки или не, најголемите фанови на германското пиво се Италијанците кои увезуваат пиво за 260 милиони евра годишно. Веднаш по нив се кинезите со увоз од 129 милиони, а потоа следи САД со 87,8 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП